Метлата на Заев почна од СДСМ

Метлата на Заев почна од СДСМ. Сите 78 претседатели на општински организации се сменети од позициите. Тоа е тоа за што тој лично, според партискиот статут, има директна надлежност, изјави премиерот денеска.

И покрај тоа што ги разреши, Заев апелираше, претседателите на општинските организации во кои СДСМ победи на изборите, повторно да се кандидираат на следниот конкурс што ќе биде објавен уште идната недела. За други партиски смени, мора да се консултира со партиските одбори. Во првата половина на јуни ќе се објават промените и во јавните претпријатија, министерствата и владата. Веројатно следната недела повторно ќе има средба со Ахмети, од кого очекува исто така да се „фати за метлата“.

Неофицијално, најмалку шест министри од СДСМ, помалите коалициони партнери како и од ДУИ, ќе бидат сменети, како и директори на државни агенции, јавни претријатија и акционерски друштва во државна сопственост.

Далиборка Демјанска Цветановска

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ