Металург прв финалист на Купот на Македонија

Металург го совлада Бутел со 34-31 во првото полуфинале на завршниот турнир во ракометниот Куп што се одржува во Куманово.

Дебитантот во завршницата на Купот одигра солиден натпревар и го држеше буден Металург во целиот натпревар, но немаше сили за сензација. Тимот од Автокоманда во првиот дел стигна и до висока предност од +5, но по серијата грешки му дозволи на Бутел да намали. На паузата резултатот гласеше 17-15.

Во вториот дел, Металург тргна доста бавно, па Бутел за кратко го презеде водството. „Металурзите“ се разбудија и ги користеа сите грешки на противникот за да ја вратат предноста која најчесто изнесуваше од 3 до 4 голови разлика. Во финишот Бутел се обиде да направи нешто повеќе, но Металург не дозволи изненадување за конечна победа од 34-31.

Томислав Јагуриновски блескаше во таборот на Металург со 11 голови. Кај Бутел, најефикасен беше Мајиќ со 10 голови.

Во второто полуфинале играат Вардар и Еурофарм.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ