Мета на прес-конференција ќе ги објасни причините за одложување на изборите во Албанија

Албанскиот претседател Илир Мета, откако реши да го одложи датумот на локалните избориза денеска претпладне најави вонредна прес конференција. Дел од медиумите наведуваат дека освен причните за донесувањето на одлуката,тој ќе го соопшти новиот датум за одржување на локалните избори, а не се исклучува можноста да го искористи правото да го распушти Парлементот.

Претседателот Мета, пред почетокот на саботниот протест на обединетата опозиција, соопшти дека ја поништува уредбата со која изборите ги закажа за 30 јуни, накусо аргументрајќи го овој негов чекор дека го презел за да ја смири тензичната ситуација и опасноста од ескалација на евенуален конфликт во земјата. Од друга страна премиерот и лидер на владеачките социјалисти, Еди Рама оваа негова одлука ја нарече „политичко самоубство“.

Откако албанскиот претседател Илир Мета донесе одлука за одложување на локалните избори, премиерот Еди Рама со порака дека греши- „изборите не се ниту на претседателот, ниту пак на партиите“. Сам си ја напиша судбината, немаш право да останеш на функцијата, му порача Рама на претседателот Мета. Рама категоричен – избори ќе има на 30 јуни.

Првичните реакците околу одлуката на Мета се различни, но сепак преовладуваат оние со оценка дека овој чекор на претседателот е правилен „зашто со тоа спречил граѓански конфликт“.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ