Мета ги одложи изборите- Рама отпочна постапка за негово изземање од функцијата

Одлуката што ја донесов за одложување на локалните избори е единствен начин да се избегне евентуална есклација на состојабата на земјата, која би можела да прерасне во граѓански конфлкт и начин да се најде решение за излез од кризата.

Ова, го изјави албанскиот преседател Илир Мета на вонредното обраќање во кое ги образложи причните за донесената одлука со која го поништува декретот за одржување на локаланите избори на 30 јуни, „без датум кој ќе го одреди Претседателот, нема избори“, рече Мета.

Потоа „во живо“ ја потпиша уредбата за поништување на претходната одлука со која изборите требаше да се одржат на 30 јуни и ги поздрави граѓаните на Албанија со симболот на двоглавиот орел, упатувајќи апел дека „Албанија и нејзината стабилност е над секој друг интерес“.

  • Оценувајќи ја ситуацијата низ која поминува земјата и јазикот на омраза кој се користи од сите политички субјекти, како претседател на Републиката истакнувам дека постои реална опасност Албанија да се движи кон непредвидлива ескалација на општествените тензии која може да има неконтролирани последици. Како шеф на државата и претставник на единството на народот, сметам дека во моментов постои сериозна закана за јавната сигурност, демократската стабилност, смиреност и општествен мир во земјава, рече Мета.

Но тензиите на политичка сцена се продлабочуваат, очекувано, по вчерашната оценка на премиерот Еди Рама дека Мета со одлуката извршил политичко убиство, денеска неговите социјалисти најави дека в четврток почнуваат постапка за разрешување на претседателот.

  • Ние како лидерство на Социјалистичката партија, сметаме дека Илир Мета го изгуби правото на својата позиција и секако дека албанскиот парламент ќе започне постапка за разрешување на Илир Мета од местото претседател на републиката, истакна Елиса Спиропали, портпарол на владеачката Социјалистичка партија.

Но какви и се шансите на владеачката социјалистичка партија на Албанија да го отсрани претседатечлот Илир Мета од функцијата. Како што пишуваат албански мадиуми, врз основа на член 90 од Усувот со обвинение за „сериозно кршење на Уставот“, партијата на на Рама ќе мора да обезбеди 2/3 од гласовите во парламентот или најмалку 93. Партијата на Рама има 75 пратеници. Од т.н. „нова опозиција“ само осум пратеници редовно гласаа во социјалистите, но мала е воројатноста дека Рама ќе успее да обезбеди дополнителни 10 гласови за отстранување од функцијата на претседателот Мета. Хипотеички ако сепак успее во тоа, последниот збор го има Уставниот суд, кој е пак практично нефункционален. Дури и ако под претпоставка на профункционира во следниот месец, тројца од членовите ги бира претседателот. Што значи тешко е возможно да се реализира планот на Рама.

Веќе шест месеци тој ги одбива барањата за опозициските демократи кои на протести кои често ескалираа со насилства бараат негова оставка и предвремени парламентарни избори.

Билјана Ставрова

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ