МЕСИ ПО ПЕТТИ ПАТ НАЈДОБАР СТРЕЛЕЦ ВО ЕВРОПА

Звездата на Барселона,Лионел Меси по  рекорден  петти пат ја доби  „Златна копачка” за најдобар европски голгетер во минатата сезона и  го надмина португалецот од Јувентус Кристијано Роналдо кој остана на четири наслови. Меси постигна 34 голови во Шпанското првенсвто и во трката за најдобар стрелец во Европа ги победи Мохамед Салах, кој во дресот на Ливерпул постигна 32 гола во Премиер – лигата, и Хари Кејн од Тотенхем, со 30 погодоци.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ