Мешков Брест го обезбеди настапот на Ф4 во СЕХА

Во пресрет на последните мечеви во СЕХА лигата познати се сите учесници на завршниот турнир во регионалното натпреварување.

По триумфот од 31:26 во дуелот против Загреб, ракометарите на Мешков Брест го обезбедија учеството на Фајнал 4 турнирот во СЕХА лигата. Белорусите имаат недостижна предност во однос на Татран Прешов и заедно со Вардар, Нексе и Загреб ќе се борат за титулата во регионалното натпреварување.

Ракометарите на Вардар во моментов на челната позиција на табелата, а до крајот на првиот дел од сезоната ги очекува уште утрешниот дуел со Нексе и натпреварот против Извиѓач в среда.

На утрешниот дуел со Нексе “црвено-црните” ќе настапат со преполовен состав. Парондо не може да смета на Игор Карачиќ и Кристијан Дисингер, а се уште се очекува враќањето на Сергеј Горбок и Игор Карачиќ.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ