Меркел ја пофали Грција за храброста за решение за спорот со името

Германската канцеларка Ангела Меркел и денеска ја пофали Грција за храбрите напори кои ги покажала во решавањето на спорот окоилу името, цементирајќи ја со тоа пораката која вчера ја испрати до грчката јавноста дека Договорот од Преспа и името Северна Македонија е јасно.

Меркел утрово на средбата со грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, рече дека резултатот не е добар само за иднината на Македонија, туку и за Грција и за сите во Европа, да постои важна разврска овде. По средбата со грчкиот премир вчера, Меркел за еден час треба да разговара и со лидерот на опозициската Нова демократија, Кирјакос Мицотакис.

Но освен посетата на германската канцеларка, грчката јавност денеска е во исчекување на средбата меѓу Ципрас и лидерот на Независни Грци, Панос Каменос, одлучувачка за тоа дали помалиот коалициски партнер ќе остане во грчката влада.

Грчките медиуми објавија дека доколку Каменос речи да ја повлече партијата од владината коалиција поради несогласување со Преспасниот договор, можно Ципрас уште викендов да побара гласање за доверба на владата.

Сепак и одлука за повлекувањето на Каменос од владата не мора д асе рефлектира со автоматска недоверба на владата во Собранието со оглед дека лидерот на Независни Грци не ги контролира сите членови на извршниот комитет на партијата. Најмалку тројца од седум членови веќе се изјаснија дека ја поддржуваат СИРИЗА.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ