Меркел може да каже свое мислење, но Бундестагот го има последниот збор?!

Бундестагот го има  последниот збор, германската влада може да си каже само свое мислење. Ова денеска го порачаа германските пратеници, кои беа во посета на македонскиот Парламент. Тврдат дека, на крајот на септември или почетокот на октомври, ќе дадат зелено светло за почеток на преговорите со ЕУ. Одложувањето, според нив, е од техничка природа.

Во врска со написите во германските медиуми, дека германската влада се противи на проширувањето, Јуратовиќ вели дека, нему не му е познато дека има противење кај владејачките партии. Лично смета дека Македонија заслужува датум, поради демократскиот пристап кон решавањето на проблемите со соседите.

Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања, пак, изјави дека, им пренел на пратениците од Бундестагот дека, македонските граѓани заслужуваат шанса за европска интеграција. И тој смета дека се потребни почести контакти помеѓу парламентите од европските земји кои го имаат последниот збор.

Пратениците од Бундестагот денеска се сретнаа и со претседателот на Собранието и со Комисијата за соработка со германскиот парламент.

Далиборка Демјанска Цветановска

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ