Менкиновски: СДСМ на средбата предлагаше персонално решение

Менкиновски кој синоќа беше дел од преговарачкиот тим на ВМРО ДПМНЕ вели  дека средбата била долга и опсежна но, дека наместо системско СДСМ предлагало персонално решение, а тие како што вели не можат да дозволат незаконитост како што беше случајот со СДСМ. Сепак партиите се согласни новото обвинителство за висока корупција да располага со независен буџет. Менкиновски вели дека за судбината на предметите воопшто не се разговарало, бидејќи тие веќе ги презема државното обвинителство.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ