Мемфис подготвен да го размени Гасол

Десетина дена пред истекот на рокот за размена на играчи, Сакраменто најави дека е заинтересиран за кошаркарот на Мемфис, Марк Гасол.

Генералниот менаџер на Сакраменто, Владе Дивац е подготвен да го прифати условот на Мемфис заедно со Гасол да се ангажира и Чендлер Парсонс, кој поради повреди во изминативе три сезони одиграл вкупно 40-тина минути, а неговата плата изнесува 25 милиони долари.

Покрај Сакраменто за шпанскиот центар заинтересиран е и Детроит.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ