Меѓуресорската група донесе одлуки за спроведување на обрските од Договорот со Грција

Вака ќе изгледаат називите на министерствата со новото име на Македонски јазик. Ова се логоата кои ги подготви Владата а до кои дојде Телма.

Меѓуресорската работна група ги донесе првите одлуки во врска со потребните мерки и активности за извршување на обврските на Република Северна Македонија по влегувањето во сила на Конечната спогодба и Уставните амандмани, што вечерва во Топ Тема на Ваша страна ги презентираше и заменик – министерот за надворешни работи Андреј Жерновски.

Царината има рок од три дена да стави налепници на таблите на граничните премини, државната граница на Република Северна Македонија и на двата аеродроми.

МВР Има конкретни обврски околу регистарските таблички

МВР има рок од четири месеци, тоа е доста важно за нашите граѓани, да издаде нови регистарски таблички. Во меѓувреме МВР ќе обезбеди ознаки со „NMK“ кои што ќе треба да бидат поставени на регистарските таблички, рече Жерновски.

Испланирана е и промената на патните исправи и примената на сегашните.

Мораме до крајот на годината да започнеме со издавање на нови документи. Важно е за граѓаните дека во меѓувреме сите оние кои што ќе влезат во земајта или излезат ќе имаме печат, на самите гранични премини, на кој што ќе пишува дека оваа исправа припаѓа на Република Северна Македонија, рече Жерновски.

Банкнотите пак ќе се се менуваат етапно, почнувајќи од 2020 година.

  1. Процесот на менување на банкнотите треба да започне на почетокот на 2020 година. Меѓутоа рокот е пет години, целосниот процес да се заменат банкнотите откако ќе се отвори ЕУ поглавјето, вели Жерновски.

Во рок од шест месеци ќе треба да се направи и преглед и ревизија на статусот на спомениците, јавните згради и инфраструктура и доколку се однесува на античката хеленска историја и цивилизација како дел од историското наследство на Грција, да се преземат соодветни мерки и активности. Во рок од 6 месеци, да се отстрани симболот истакнат на поранешното национално знаме од целиот јавен простор и јавна употреба. Ова не важи за археолошките археолошките артефакти

Генералниот секретаријат пак во рок од седум дена да изготви софтвер кој ќе ги содржи сите институции од државно и локално ниво, како и димензиите на јавните табли. Промената на сите табли, на централно и локално ниво, да се заврши во рок од четири месеци. Рок од три дена имаат сите институции да извршат промена на сите дигитални записи, како логоа, мерморандуми и веб страни, додека пак во рок од две недели сите институции треба соодветно да ги изменат меморандумите, печатените материјали, папките и индикаторите.

Игор Трајков

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ