Меѓународен сојуз на Боки 13 тврди дека работеле законски

Невладината меѓународен сојуз, на Бојан Јовановски вели дека работи законски.

Ниту еден член на невладината организација меѓународен сојуз или лице поврзано со оваа невладина, не е повикано од органите на прогонот, поради наводно незаконито работење.

Ова, во соопштение до јавноста, го пишува попретседателката на невладината, Јасна Ерцеговиќ, откако претседателот на сојузот, Бојан Јовановски е во притвор, како прво-осомничен за случајот Рекет.

Во соопштението пишува дека парите земени од бизнисмените се искористени исклучиво за целите на организацијата а парите што беа префрлени на сметка на пензионерката Лилјана Тодоровска, веќе биле предмет на истрага на финансиската полиција и како што пишува ерцеговиќ, било утврдено дека трансакцијата е законска, и истрагата е сопрена.

Ерцеговиќ, во соопштението не одговара на обвинувањата на Тодоровска дека била ограбена, затоа што сите пари и биле земени, веднаш штом биле подигнати од банката. 

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ