Меѓународен ден на лицата со попреченост

Ова е Маргарита Милошевска, мајка на деветгодишно девојче церебрална парализа кое не оди на училиште . На светскиот ден на лицата со попреченост јавно апелираше дека државата треба да им помогне на овие родители и да имаат образовани и лични асистенти и дома , затоа што целиот товар паѓа на нив.  

Слична судбина имаат 1236 основци во Скопје .Според извештајот на Народниот правобранител најголем дел од нив се со лесна попреченост. Статистките покажуваат и дека во 9 општини  во Скопје основците со попречеснот немаат личен асистент. Тимот кој ја следел наставата во училиштата увидел дека и таму каде што има стручни тимови обучени да работат со овие деца , екипите не се комплетирани.  Па така некаде нема образовни едукатрои , а таму кај што има нема логопеди или дефектолози.   

Меѓународниот ден на лицата со попреност се одбележува 27 – ма година.

Теодора Цветановска

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ