Медиумите од соседството објавуваат- Партнерката на Ана Брнабиќ е бремена

Фото: Мондо

Медиумите од соседството денеска објавуваат дека „српската премиерка и нејзината партнерка, лекарката Милица Ѓурѓиќ, очекуваат бебе“.

Според пишувањата на хрватските медиуми, партнерката на Ана Брнабиќ е бремена и дека токму поради тоа отворила боледување.

„Премиерката и понатаму останува на ставот да не зборува јавно за приватни работи, во секој случај благодарност за убавите желби“, изјавиле за магазинот Глорија од премиерскиот кабинет.

Премиерката на Србија и лекарката од Клиничкиот центар на Србија се во врска речиси една деценија, тие често се појавуваат на културни и спортски настани, но строго се држат до тоа со медиумите и јавноста да не споделуваат приватни работи.

„Милица има своја кариера одговорна и тешка работа. Таа за жал стана јавна личност иако тоа никогаш не го касала. Нејзините појавувања во јавноста се најмноги поддршка за мене, отколку нејзина желба да се појавува“, рече неодамна српската премиерка Ана Брнабиќ за списанието „Ало“.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ