Матка домаќин на ЕП до 23 години во кајак спуст на диви води

Од 2 до 5 август на Матка во Скопје ќе се одржи Европското првенство во кајак спуст на диви води за јуниори и сениори до 23 години.

На континенталниот турнир учество ќе земат рекорден број натпреварувачи, вкупно 250 од 16 земји.

„Настаните од ваков тип се секогаш безрезервно подржани од Агенцијата за млади и спорт, па така и за ова ЕП одлучивме да излеземе во пресрет.
На сите учесници на ова натпреварување им посакувам убав престој во Македонија, успешни натпревари и спортски успеси“, изјави директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски.

Македонија ќе има седум натпреварувачи, а организаторите очекуваат тие да се пласираат во финалните натпревари и да се борат за некое од првите места.

„На ова ЕП се очекува нашите натпреварувачи да остварат пласман во финалето, со што потоа би имале и шанса да се борат за медал. Конкуренцијата ќе биде навистина силна, бидејќи имаме учесници, кои имаат освојувано медали на Светските сениорски првенства“, исткана директорот на натпреварувањето, Љубомир Спасиќ.

Свеченото отворање на ЕП е вечерва во 20 часот на плоштадот „Филип Втори“ во Скопје, додека натпреварите официјално започнуваат утре во 9 часот на Матка.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ