Матијашевиќ го објави списокот за ЕП во одбојка

Селекторот на машката одбојкарска репрезентација, Никола Матијашевиќ го објави списокот на играчи кои се во конкуренција за настап на претстојното Европско првенство.

Матијашевиќ се реши за одбојкари кои во изминатиов период беа дел од националниот тим што настапуваше во Европската лига и квалификациите за континенталното првенство.

Репрезентацијата е предводена од капитенот Никола Ѓорѓиев, а на списокот се уште Деспотовски, Ѓорѓи Ѓорѓиев, Љафтов, Милев, Михаилов, Милков, Маџунков, Наков, Ангеловски и Јосифов. Од помладите повикани се Стошиќ, Урдов, Илиев, Костиќ, Андонов, Николов и Николовски.

Одбојкарите со подготовки почнуваат на втори јуни, а нашата селекција на Европското првенство покрај со домаќинот Словенија ќе се соочи со Финска, Турција, Русија и Белорусија.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ