Масовна тепачка во старата градска болница

Поголема група лица синоќа го нападнала медицинскиот персонал во старата Градска болница а се судриле и со полицијата која била повикана од болницата. Инцидентот се случил околу 3 часот по полноќ откако во болницата било донесено лице со посекотина на раката а кратко по него упаднала поголема група лица кои го нападнале персоналот. Поради инцидентот болницата не примала пациенти до утрото.

На 12.09.2019 во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје полициски службеници го лишиле од слобода С.М.(31) од Скопје поради тоа што во 02.45 часот во болницата физички нападнал вработен како обезбедување во болницата и двајца полициски службеници кои извршувале службени дејствија и интервенирале по пријава за физичкиот напад врз вработениот. С.М. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. Исто така, ќе биде поднесена пријава по Законот за прекршоците против јавниот ред и мир за уште две лица кои биле со С.М., соопштуваат од МВР.

Директорот на болницата Иван Спирковски за медиумите потврди дека се случила тепачка и додаде дека вакви инциденти често пати се случуваат во Универзитетска клиника по хируршки болести „Св.Наум Охридски“.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ