Марковска: БЕСА го кочи процесот и уценува – Ружин: Дали БЕСА одработува за некоја друга страна?

„Заев многу ризикува кога во последен момент дозволува да се менуваат работите. Мора да разбере дека не можеш во животот на сите да им се допаѓаш и да бидеш попустлив. Оваа драмолетка со БЕСА е последица на лошото водење на преговориете“, смета поранешната пратеничка Ѓулистана Марковска.

БЕСА одбра многу погрешен тајминг, во 5 до 12, без дебата. Ова што прави БЕСА е кочење на процесот и уценување“, додава Марковска.

Професорот Нано Ружин смета дека тоа што е договорено меѓу страните во Договорот не треба да се менува“.

„Заев настапи многу попустливо. Се поставува прашањето дали БЕСА одработува за некоја друга страна. Ни самиот Заев не може тоа да го прифати“.

Околу однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ, Марковска кажа дека „најголемата опозициска партија во последен момент да му се приклучи на Јанко Бачев, е навистина јадно и бедно“.

„До 12 часот пред референдумот, Мицкоски немаше став. Тој работи на билдање на неговиот рејтинг, мисли дека некој друг треба да ја заврши работата, и тој да дојде на готово“, кажа Марковска.

 

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ