МАРЕЈ НАЈАВИ КРАЈ НА КАРИЕРАТА

Трикратниот Грен слем шампион  Енди Мареј ја шокираше тениската јавност со изјавата дека е принуден да ја прекине  кариерата.Британецот не успеал да ја надмине повредата на колкот и веќе 20 месеци има болки како што изјави на денешната прес конференција.Мареј посакува да издржи на терените до Вимблдон и да се прости од тенисот пред домашна публика ,но може да се случи  Мелбурн да биде последната станица во неговата кариера.Во 1.коло на Австралија Опен,Мареј моментно 230 на АТЛ листата  ќе игра со Баутиста Агут,шпанецот кој  недомна триумфираше на турнирот во Катар победувајки го Вавринка,Ѓоковиќ и во финалето  Бердих.31 годишниот Енди Мареј  во 2012 година триумфираше на УС Опен и на двата пати, во 2013 и 2016 го освои Вимблдон .

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ