Манчевски на средба со ССМ за колективниот договор

На барање на Сојузот на синдикатите на Македонија и синдикатите од Јавниот сектор здружени во ССМ, во ССМ се одржа средба со министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски на која се дискутираше по информацијата од шестата седница на Владата на Република Северна Македонија на која Владата ја разгледала и усвоила Информацијата и го утврдила текстот на Гранскиот колективен договор, и  го овластила министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски да го потпише Гранскиот колективен договор.

-Од страна на претседателите на синдикатите здружени во ССМ од Јавниот сектор на министерот му беа укажани дилемите  кои кај синдикатите произлегоа од таквата информација за која предходно синдикатите од јавниот сектор не биле информирани со оглед на тоа што во секторот во кој се предвидува склучување на грански колективен договор има повеќе репрезентативни синдикати, стои во соопштението од ССМ.

Како што наведуваат укажано е дека Сојузот на синдикатите на Македонија е единствен репрезентативен синдикат на територија, во јавниот и приватниот сектор, и има  репрезентативност за склучување на Колективен договор во јавниот и приватниот сектор, па од страна на Владата и надлежните министерства, потребно е да се води сметка за почитување на законската регулатива при потпишување на колективните договори за да не се дозволи истите да бидат на штета на работниците, односно да е се дозволи ставање во понеповолна положба на голем број од вработените во јавниот сектор.

Од страна на претставниците на ССМ, е побарано, Владата, да укаже на сите институции и државни органи за кои е надлежна Владата, министерствата и општините, кои во своите колективни договори немаат одредби за исплата на регрес за годишен одмор, во најкус рок истите да го утврдат тоа право преку измена на колективните договори или склучување нови колективни договори што е исклучиво во насока на унапредување на правата на сите работници без исклучок со што ќе се реализира исплата на регресот за годишен одмор со потпишување на општиот колективен договор за јавен сектор.

Истакнуваме, наведуваат во соопштението, дека голем дел од синдикатите веќе имаат предвидено право на регрес на годишен одмор и утврдено поголеми права од оние кои се дискутираат во јавноста во своите колективни договори.

Истовремено  информираат дека на барање на Сојузот на синдикатите на Македонија, во текот на вчерашниот ден се одржа работен состанок во Владата, помеѓу претседателот на ССМ, Дарко Димовски, секретарот на Советот на ССМ, Златко Цветковски и  претседателот на Владата, Оливер Спасовски и заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања, Мила Царовска.

На состанокот,како што стои во соопштението, е дискутирано за потребата од потпишување на општиот колективен договор за јавен сектор и утврдување на правото на регрес за годишен одмор за сите вработени во јавниот сектор без ставање во понеповолна положба на една категорија на вработени наспроти друга категорија на вработени, а беше потсетено дека ССМ има изготвено и предлог текст на општи колективен договор за јавниот сектор и беше иницијатор за повторно формирање на комисија која ќе работи на текстот на општио колективен договор за јавниот сектор која веќе одржа и неколку состаноци.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ