МАНЧЕСТЕР СИТИ Е ШАМПИОН НА АНГЛИЈА

Манчестер  Сити во голем стил ја заврши сезоната и со гостински триумф од 4-1 кај Брајтон го одбрани насловот во најсилната фудбалска Лига на ’’Островот’’.Шеста титула во Премиер лигата за ’’Граѓаните’’,втора откако  шпанскиот стратег Пеп Гвардиола е тренер на клубот.Сити заврши со 98 бода после 38 коло,еден повеќе од Ливерпул кој ја одработи домашна  задача на Енфилд  во последното коло со 2-0 против Вулверхемптон.

Сити стартуваше нервозно во најважните 90 минути сезонава.Мареј донесе предност за Брајтон во 27 минута,што ги разбуди гостите па Агуеро во наредната минута и Лапорте во 38-та  изборија 1-2 на полувремето.Марез во 63.минута  и Гундоган во 72-та  ја заверија победа со два спекталурнаи гола кои беа вовед во  прославата.

Ливерпул со погодоците на Мане славеше над Вулвс и заврши на 2.место а во ЛШ  ќе  играат  Челзи и Тотенхем.Арсенал и Манчестер Јунајтед  од  5 и 6 место на трабелата во ’’Премиер’’ со настап во ЛЕ.Премиер лигата ја напуштаат Кардиф,Фулам и Хадерсфилд.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ