Манасков: Поразот можеше да биде помал, но бевме далеку од победа

Македонските ракометари загубија од Хрватска со 31-22 во 3.коло во групата Б на Светското ракометно првенство.

Крилото Дејан Манасков го анализира натпреварот против „коцкестите“, но признава дека Македонија денеска беше многу далеку од победата.

„Знаевме и пред натпреварот дека ќе биде доста тешко. Отворивме добро до некаде, имавме добри шанси. Промашивме и многу шанси, Шего беше на висината на задачата и Хрватска дојде до тие 5-6 разлика во тоа прво полувреме. На крајот во последните минути и немаше што да се бара и затоа разликата е таа што е. Можеше да биде и многу помалку, четири или пет разлика, меѓутоа ние од победа бевме многу далеку“, изјави Манасков.

Стојанче Стоилов жали за пропуштените шанси во нападот. Многуте утнати зицери и техничките грешки доведоа до овој убедлив пораз.

„Не е реална конечната слика, но тоа е кога не ги користиме шансите. Имавме многу шанси, промашивме многу, па ако го собереме тоа и со техничките грешки, резултатот е тој. Судиите немаат врска со конечниот резултат, мислам дека вината е наша што испадна вака на крај. Имавме неколку бранови, но веднаш потоа грешевме и тоа е тоа. До крај имаме уште две шанси (Шпанија и Исланд). Одиме до крај и ако ни се отвори шанса да искористиме“, истакна Стоилов.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ