Малиот кристален глобус во слалом за Шифрин

Микаела Шифрин го забележа 15-от триумф сезонава и пред стартот на завршницата на Светскиот куп во Андора го освои малиот кристален глобус во слалом.

Шифрин до осмата слаломска победа сезонава стигна со вкупно време од 1 минута 38 секунди и 98 стотинки и за 85 стоти дела беше побрза од Швајцарката, Венди Холденер. Третото место со заостанување од две секунди и три стотинки го освои Петра Влхова од Словачка.

По денешниот триумф Шифрин го освои малиот кристален глобус во слалом со 1060 бода пред Влхова со 817 и Холдер со 601 бод. Шифрин е на чело и во генералниот пласман со 1954 бода, 719 повеќе од Влхова, а третопласираната Холденер во моментов има 943.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ