Макпетрол со четири медали на силниот турнир во Ријека

Каратистите на Макпетрол изминатиот викенд настапија на силниот интернационален турнир „Кроација опен“ во Ријека и освоија четири медали.

Витомир Трајковски го освои единствениот златен медал за македонскиот тим во кадетска конкуренција. Сребрени беа Сара Радичевска во сениори во категоријата до 61 килограм и Ангела Мојсовска во младинска конкуренција во категоријата до 68 килограми, додека со бронзен медал се закити Абдурахим Идризи во сениорска конкуренција во категоријата до 60 килограми.


На овој силен турнир во Ријека учествуваа вкупно 1.917 каратисти од 24 земји.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ