Макпетрол промовира боци со течен нафтен гас со зајакнати стандарди за безбедно користење

Од денеска на сите бензински станици на компанијата Макпетрол, се продаваат боци со течен нафтен гас, кај кои се зајакнати безбедносните стандарди и мерки за ракување и користење.

Се работи за боци, со мешавина од пропан и бутан гасови, што се применуваат во домакинството, индустријата и во занаетчиството.

ТНГ боците се со полнење од 2, 3, 5, 10, 23 и 35 килограми, а  има и посебни за виљушкари , со полнење од 23 килограми.

Новост кај боците се пластифицираните упатства за безбедно ракување, а наскоро ќе започне продажба и на лимитирана едиција ТНГ боци со клучеви за затегнување на матицата од регулаторот на притисок.

Макпетрол применува најсовремени заштитни мерки за полнење на боците, рекоа од компанијата.

Компанијата поседува своја современа карусел полнилница, каде што се врши проверка на наполнетоста на секоја боца, а по завршениот процес на полнење и проверка на исправноста, се врши поставување на специјални заштитни капи на вентилите на боците, со што се гарантира точноста на наполнетоста на боците и нивната техничка исправност. Денеска промовираме уште една безбедносна мерка , односно кратко упатство за безбедно ракување и употреба на боците со ТНГ. Ова кратко упатство во форма на отпечатен пластичен диск , од сега ќе биде нивен составен дел, вели Сашо Дамчевски, раководител на Полнилница за ТНГ „ Миладиновци“.

„ Макпетрол“ континуирано е посветен на грижата за потрошувачите , преку одржување на високото ниво на стандардите за квалитет и безбедност, како на нашите горива, така и на нашите услуги и останати производи, подвлече Мишко Тасевски-раководител на сектор Маркетинг во Макпетрол.

https://youtu.be/2dB80u5wRcE

 

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ