Макпетрол минатата година со добивка од 12,7 милиони евра

Макпетрол минатата година оствари добивка по оданочување од 778,1 милиони денари или 12,7 милиони евра, што е пораст во однос на 2017 година за 2,6 пати, соопшти компанијата преку Македонскаста берза.

Основни причини за остварената добивка се задржаната вкупна продажба на енергенси во малопродажбата, особено во продажбата на светлите деривати и метанот на ниво на минатогодишната рекордна продажба, и значителното зголемување на прометот на останатиот малопродажен асортиман.

Во 2018 Макпетрол оствари вкупен приход во износ од 22 милијарди денари, кој е поголем од минатогодишниот за 3,2 милијарди денари, или има пораст од 17 отсто. Во структурата на приходите, најголем удел имаат приходите од продажба со учество од 98,6 отсто, кои со 93,7 отсто се од продажба на домашниот пазар. Во истиот период, остварени се вкупни расходи во висина од 21,1 милијарди денари, што е зголемување за само 2,7 милијарди денари или 14,4 отсто. Зголемени се и приходите од странски пазар, за 33 проценти.

За време на деловното работење, никогаш не се случила ситуација да има доспеани, а ненамирени обврски по кој било основ. Бројот на вработените лица во друштвото е зголемен за 58 вработени, поради активирање на нови и проширување на постојни продажни објекти, соопштуваат од компанијата.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ