Макпетрол ги додели наградите од наградната игра „Верна повторно наградува“

„Макпетрол“ ги додели наградите од третото мастер и шестото редовно коло од наградната игра „Верна повторно наградува“. Во септемвриското коло од наградна игра освен редовните награди, беа доделени лаптоп dell и honda jazz автомобил.  –

„Посетеноста на нашите продажни објекти, како и бројот на членовите на верна програмата за лојалност се доказ за квалитетот на нашите производи. За искажаната доверба на потрошувачите, Макпетрол кој е лидер во областа на енергетиката на македонскиот пазар,  секогаш води особена грижа за своите корисници“, велат од комапнијата. Во извлекувањето на шестото редовно коло учествуваа околу 120.000 квалификувани трансакции, а во извлекувањето на третото мастер коло речиси 250.000 квалификувани трансакции од кои беа извлечени двајцата среќни добитници.

 

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ