Макпетрол ги додели наградите од четвртото коло на ВЕРНА програмата за лојаност

Макпетрол денес, во продажно-сервисниот салон на Honda ги додели наградите од четвртото редовно коло, како и од второто мастер коло од овогодинешната наградна игра на ВЕРНА програмата за лојалност. На настанот свое учество земаа претставници од Макпетрол АД, како и најсреќните добитници.

„Во оваа сезона на летни годишни одмори продолжуваме со реализација на зацртаните активности на сите полиња. Меѓу нив секако е и извлекувањето на среќните добитници кои ги наградуваме за нивната поддршка и лојалност. На тој начин, преку ВЕРНА програма за лојалност, уште повеќе се приближуваме до нашите потрошувачи кои ги препознаваат нашите заложби и кои недвојбено ни помогнаа да израснеме во компанија – лидер на македонскиот пазар. Денес, можеме да се пофалиме со повеќе од 170 илјади ВЕРНА членови кои се доволен показател дека сме создале успешен проект, препознаен од нашите потрошувачи. Четврта година по ред, Макпетрол, ги наградува своите верни потрошувачи и со тоа создава вредна традиција преку која се заблагодарува на добиената доверба и поддршка“, истакна Мишко Тасевски, раководител на секторот Маркетинг.

Во извлекувањето на наградите од четвртото редовно коло учествуваа 180.000 квалификувани трансакции, а во извлекувањето на главната награда од второто мастер коло учествуваа 345.000 квалификувани трансакции. Од компанијата напоменаа дека од оваа наградна игра остануваат уште 5 редовни кола, 2 мастер кола и на крај финалното мастер коло кога ќе биде доделена главната награда, а тоа е прекрасната Honda HRV.

Макпетрол верува дека компанијата без лојалните потрошувачи не би била таму каде што е сега, на врвот во бизнисот со нафта и нафтени деривати во републиката. Затоа секогаш се трудиме да изразиме благодарност со тоа што ќе возвратиме за добиената доверба, пред се со квалитетот на производите и услугите, а понатаму и со современи платформи како што е ВЕРНА програмата за лојалност и секако, оваа наградна игра.

Досега во овогодинешната наградна игра на Макпетрол изминаа 3 редовни кола во кои беа доделени 30 ваучери за Crystal Car, 30 ваучери со ВЕРНА поени, 30 ваучери за Лубекс моторни масла, 30 ваучери за гуми, 6 ваучери за викенд во хотелот МАКПЕТРОЛ во Маврово, односно Струга, 3 Dell лап-топи, а беше доделена и првата главна награда од првото мастер коло – скутерот Honda SH150.

Ристе Златевски, беше среќниот добитник на лап-топ Dell, додека најсреќен во второто мастер коло беше Оливер Панковски, кој си замина со гумен чамец HIGHFIELD CL380 со приколка и мотор Honda од 20 КС. Од компанијата им честитаа на сите досегашни добитници од овогодинешната наградна игра за добиените награди, а за оние кои не биле толку среќни, од Макпетрол ги повикаа да продолжат да бидат дел од програмата ВЕРНА со надеж дека во наредното коло ќе им се насмевне среќата.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ