Македонските репрезентативци подготвени за почетокот на европското првенство во ракомет

14-тото европско првенство во машки ракомет за прв пат се одржува во три земји,Австрија,Норвешка и Шведска и за прв пат е во состав од 24 селекции.

Македонската репрезентација е дел од Б групата и ќе игра во Штадхале-Виена,против Украина,Чешка и Австрија.

Новитет има и во технологијата.Во стил на фудбалските натпревари,ќе има статистика и во други сегменти од ракометната игра што ќе ги збогатува ТВ преносите.

Нашиот состав од денеска е во Виена и веќе се аклиматизира на првиот тренинг пред кој селекторот Данило Брестовац го соопшти финалниот список.Од 18 играчи кои ги има на располагење во Австрија,Брестовац во првата фаза ќе одмара голманот Томовски и десниот бек Серафимов.

Премиерата на македонската репрезентација на ЕП ќе биде утре од 20.30 во меч со Украина.

Претходно своите адути од 18.15 ќе ги откријат Чешка и Австрија.

Извештај на нашиот репортер од главниот град на Австрија, Огнен Чанчаревиќ.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ