Македонски туристи по 10 часа чекање на скопскиот аеродром конечно полетаа кон Хургада

Домашни туристи кои уплатија аранжман за Египет и повеќе од 10 часа чекаа ноќеска на Скопскиот аеродром, конечно денеска полетаа кон Хургада.

Според информациите на веб страницата на Меѓународен аеродром Скопје, туристите полетале во 10 часот и 44 минути со авион на „Флај 2 Скај ерлајнс“.

Авионот првично требало да полета ноќеска на полноќ, но потоа започнале серијаат одложувања, дека тоа ќе се случи во 2:30, па во 5:00 часот, и во 7:00 часот. Летувањето тие го уплатиле преку неколку туристички агенции.

Случајот не бил пријавен во Државниот пазарен инспекторат. Директорот на инспекторатот Стојко Пауновски во изјава за МИА вели дека доколку не се реализира аранжманот патниците треба да поднесат претставка до инсепкторатот и тие ќе постапат веднаш.

 

 

 

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ