Македонската и грчката опозиција без подршка за договореното

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски вчера го оцени договорот постигнат меѓу Заев и Ципрас како капитулација. Тој го обвини Заев дека на шверцерски начин го постигнал договорот со Грција, порачувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ нема да подржи промена на Уставот и побара референдумот за името да биде задолжителен, а не консултативен.

И за лидерот на грчката опозиција Киријакос Мицотакис договорот е лош, и го обвини Ципрас дека нема легитимитет да ја обврзува Грција да го потпишува договорот.

Грчките медиуми пишуваат и дека е можно коалициониот партнер на Ципрас во владата партијата Независни Грци, на министерот за одбрана Панос Каменос да ја напушти утре владината коалиција, со што би ја урнал владата со цел да ја забави ратификацијата на постигантиот договор меѓу Скопје и Атина.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ