МАКЕДОНИЈА ВО ГРУПА СО СЛОВЕНИЈА,РУСИЈА,ФИНСКА,ТУРЦИЈА И БЕЛОРУСИЈА

Во дебито на Европските првенства,нашиот машки одбојкарски тим ќе игра во конкуренција на Словенија,Русија,Финска,Турција и на Белорусија како дел од групата Ц  и ќе бара пласман на едно од првите 4 места кои водат до следната фаза на шампионатот.Во групата  А ,ќе играат  Франција, Италија, Бугарија, Португалија, Грција и  Романија,во група  Б, Белгија, Србија, Германија, Словачка, Шпанија и  Австрија, и во групата  Д , Холандија, Полска, Чешка, Естонија, Украина и  Црна Гора. ЕП за прв пат е во формат од 24 земји учеснички.Домаќини се Франција,Словенија,Белгија и Холандиј во термин од 12 до 29 септември.Нашиот состав натпреварите од првата фаза ќе ги игра во Љубљана.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ