Македонија вечерва против Украина ја бара првата победа

После 2012 година,сениорите   настапуваат на ЕП-во под водство на домашен селектор. Данило Брестовац го замени Раул Гонзалес,шпанецот кој дојде како алтернатива за Лино Червар а пред вториот  хрватски стратег , нашиот тим  го водеше Ивица Обрван, наследникот на Звонкo Шундовски под чие водтво Македонија во 2012 го освои 5 .место што е најдобриот резултат на континеталните шампионати.

Петтото по ред учество на ЕП, Македонија го отвара во меч со Украина.Натпреварот од 1.коло на групата Б ќе значи и петто соочување со украинците.Претходните 4 натпревари завршија со по една победа и две нерешени.На последното соочување во квалификациите за ЕП 2018,Македонија беше далеку подобра. Победа од 27-21 во Скопје под водтвсо на Червар и реми на гости 27-27 кога тимот на сред квалификации го презеде Гонзалес.

Македонската екипа има свои адути не само за мечот со Украина туку и за другите пресметки во Виена.Тимот е составен од интернационалци кои настапуваат во силни првенства,играчи од домашните колективи Вардар и Еурофарм Пелистер со учество во ЛШ и Сеха лигата,како и од редовите на нашиот расадник на таленти,Металург.Во составот за Виена има и ракометар на Пролет,крилото  Поповски.

Од репрезентативците со најголем број натпревари во националниот дрес,тука се Манасков,Ристовски и Стоилов со 25 натпревари на ЕП-ва,како и капитенот Лазаров водечкиот стрелец за Македонија со 160 голови на континенталните превенства а помеѓу петте  најдобрите голгетери зад Лазаров со исклучот на  Миркуловски и неговите 60 погодоци, во нашиот состав се Манасков со 83,Стоилов со 71 и Георгиевски со 39 гол.Тимот има искуство а селекторот Брестовац ќе бара ротација од плејадата млади играчи кои се наметнаа во А тимот.Талески и Кузмановски се веќе во полна играчка зрелост која треба да ја прикажат во Австрија,Танкоски и Велковски беа во македонската репрезентација  и во  младинските  категории, веќе почувствувано амбиентот на големите турнири, но ќе имаат поголема минутажа  и одговорност.На голманската позиција Ристевски и Митревски допатуваа во Виена во одлична форма.Дефанзивниот бедем го наруши повредата на Велко Маркоски,што ќе биде тест на тактички план за нашиот стручен тим но и за дебитантот Мишевски кој сезонава се наметна со одличните изданија за Гренобл.

За пресметката со Украина Брестовац го скрати тимот.Помеѓу 16 на списокот,селекторт  се реши да ги изостави голманот Томовски и десниот бек Серафимов.

Украина после 10 години се врати на ЕП-ва.Во група со Данска и Црна Гора завршија на 3.место во квалификациите и се надеваат на пласман во вториот круг како на шампионатот во Шведска 2002 година кога го освоија 12.место што е и нивниот  најдобар резултат.Ростерот го сочинуваат ракометари на Мотор Запорожје.Нивната дефанзивна линија е составена со високи , тешки но бавни играчи.Во нападот поради повреди ги нема Сергеј Онуфриенко и Влад Донцов.Селекторот Бебешко не го повика Јужбабенко што претставува изненадување,но на располагање го има Остроушко,ракометарот на Еурофарм кој е перфектен на левата бековска позиција. Искусните Комок, Кошовој и Деревјанкин го сочинуваат голманскот трио.

Натпреварот Македонија-Украина почнува од 20.30.Претходно во првиот меч од групата Б во Виена ќе настапат Австрија и Чешка.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ