Македонија со реми од Словенија: Одличен старт на квалификациите за ЕП 2020

Македонската фудбалска репрезентација останува непоразена по два натпревари во квалификациите за Европското првенство во 2020 година, откако вечерва одигра 1-1 на гостувањето кај Словенија во рамки на групата Г.

Избраниците на селекторот Игор Ангеловски одиграа уште еден добар натпревар, по оној во Скопје и победата над Летонија. Овој пат очекувано беше многу потешко на гостувањето на Љубљана, каде освоивме заслужен бод.

Миха Зајц го отвори резултатот, кога погоди со глава за 1-0 за Словенија во 34-тата минута од натпреварот. Ремито за нашата селекција го обезбеди Енис Барди на стартот на вториот дел, поточно во 47-та минута.

На останатите натпревари во нашата група, Полска е единствената со две победи од два натпревари по триумфот од 2-0 против Летонија. Израел со убедливи 4-2 ја совлада Австрија.

Во следното 3.коло (7 јуни) играме на домашен терен и на „Филип Втори“ ја пречекуваме Полска.

ГРУПА Г
1. Полска 6 (3-0)
2. Израел 4 (5-3)
3. Македонија 4 (4-2)
4. Словенија 2 (2-2)
5. Австрија 0 (2-5)
6. Летонија 0 (1-5)

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ