Македонија со пораз од Србија ги затвори Евроквалификациите

Македонската женска ракометна репрезентација со пораз, вкупно четвртти, ги затвори квалификациите за Европското првенство во Франција. На гостувањето во Ниш загуби од фаворитот Србија со 35:30, во шестото коло од групата три.

Нашиот национален тим 40 минути беше рамноправен противник во кои имаше и водство во неколку наврати со еден и два гола. По 12:12 домаќинот направи серија од 4:1 и на одмор замина со позитива од 16:13.

Во вториот дел Србија рутинирано стигна до петата победа за првото место во оваа конкуреницја со 10 бодови, исто колку што има и второпласираната Шведска. Овие две репрезентации ќе играат на континенталниот собир во Франција.

Македонија го освои третото место со четири бодови, Фарски острови завршија без бодови на четвртата позиција.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ