Македонија против Хрватска на Ф4 турнирот во Сребрената лига

Хрватска ќе биде противникот на македонската одбојкарска репрезентација во полуфиналето на завршниот турнир во Сребрената европска лига, што се одржува во Скопје во „Кале“ од 15 до 16 јуни.

Во второто полуфинале ќе играат Белорусија и Летонија. Нашиот тим заврши трет во групната фаза со четири порази и само две победи против Косово, но резултатите беа во втор план поради загарантираниот настап на Ф4 турнирот како домаќини. Победникот на турнирот следната година ќе се натпреварува во Златната европска лига.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ