Македонија поразена од Норвешка

По поразот од 2:1 во дуелот против Норвешка, футсал репрезентацијата на Македонија го освои второто место во групата и преку бараж ќе се обиде да обезбеди место во квалификациите за пласман на Европското првенство што ќе се одржи во 2022 година.

Нашата селекција поведе во петтата минута од натпреварот кога мрежата на противникот ја затресе Иван Крстевски.

Во продолжението од средбата македонските репрезентативци имаа уште неколку можности за погодок, но успеаа да го совладаат Кенет Ракваг.

По само две минути игра во второто полувреме Адријан Педерсен го израмни резултатот на 1:1. До крајот на мечот избраниците на селекторот Васко Скендеровски се обидуваа повторно да стигнат до предност, а во самиот финиш го повлековме голманот и тоа гостите успеаа да го казнат и гостинскиот чувар на мрежата Ракваг на три минути пред крајот ја погоди празната мрежа за победа на Норвежаните од 2:1.

Третата позиција во групата ја освои селекцијата на Велс која забележа два порази.

ФОТО: Игор Паневски

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ