Македонија почнува пристапни преговори со НАТО

Македонија почнува пристапни преговори со НАТО, одлучија сите 29 членки на Алијансата. Во заклучокот од Самитот кој беше објавен се поздравува историскиот договор за името меѓу Атина и Скопје и назначено е дека пристапуваето во Алијансата ќе заврши откако ќе бидат споведени сите внатрешни процедури. На овој заклучок, како што дознава Телма,  е додадено и дека се очекува сите политички лидери да имат конструктивна улога во овие процеси за брза имплементација на Договорот за името. Столтенберг јасно порача – нема членство во НАТО ако земјата не го промени името во Република Северна Македонија.

Столтенберг утре ќе му ја врачи поканата за почнување пристапни преговори на премиерот Зоран Заев. Заев ја нарече одлуката историска и вети и други добри вести во периодот што претстои. Тој имаше обрачае на конференцијата Ингеј НАТО додека Столтенберг ги соопштуваше заклучоците од самитот.

Главната тема на Самитот беше буџетот на Алијансата и покрај недоразбираата со претседателот на САД Доналд Трамп, на крај се усогласија сите членки да го зголемат финансираето, особено Германија, која Трамп најмногу ја критикуваше. Се договорија и да ја зајакнат борбата против сајбер пропагандата.

Сања Васиќ

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ