Лазаров, Манасков: Одигравме под нашето ниво, разочарани сме, имавме добра група

Во најважниот натпревар за нас, последен од групната фаза против домаќинот Австрија, Македонија одигра најслабо и изгуби со четири гола разлика (32:28). Поразот можеше да биде многу поубедлив бидејќи во одредени моменти од натпреварот губевме и со 11 голови разлика.

Од нашата репрезентација најмногу голови (5) постигна пикерот Стојанче Стоилов.

Одигравме под нашето на ниво, со многу технички грешки, со многу промашени чисти удари го разбранивме нивниот голман. Тешко е да се бара победа ако го започнеме мечот така. Ниедна репрезентација во светот не може да си дозволи 5-6 илјади навивачи во друга земја. Тоа е огромно богатство. Како капитен им се извинувам на сите наши навивачи коишто беа во Виена. Треба да направиме максимален напор за да го издигнеме нашиот ракомет на нивото на коешто беше. изјави капитенот Кирил Лазаров

Несфатливо е колку зицери промашивме. Не знам како ни се случи истата работа. Не потфрли одбраната, виновен беше нападот. Мислам дека има многу работа и најверојатно ќе треба да ризикуваме едно големо натпреварување за повторно да изградиме силна репрезентација, без разлика дали јас ќе останам да бидам селектор. изјави селекторот Данило Брестовац

Не знам што да кажам, немавме решение за нивната одбрана, не бевме подготвени за играта на противникот денес. Имавме шанси за лесни голови и не реализиравме и тоа беше клучно денес. изјави Манасков.

Групната фаза ја завршуваме со два бода освоени во првиот натпревар против Украина.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ