Македонија ќе нема претставник во АБА-лигата следната сезона

Македонската кошарка нема да има свој клуб претставник во АБА-лигата следната сезона. Ова беше одлучено на денешниот состанок на Собранието на клубови во Белград, Србија.

Два македонски клуба можат да се пријават за учество во АБА 2 и преку добри настапи во втората лига потоа да се изборат за место помеѓу најдобрите каде ќе се натпреваруваат Црвена Звезда, Партизан, Цедевита, Будуќност и другите.

МЗТ Скопје засега е единствениот македонски тим што играл во АБА-лигата. Дел од регионалното друштво беше пет сезони. Оваа натпреварувачка година заврши на последното место на табелата со само три победи и испадна од лигата.

Од таборот на нашиот шампион се надеваа на евентуално зголемување на лигата од 12 на 14 екипи за да останат во АБА-лигата, но клубовите решија дека со зголемувањето на учесници ќе се намали квалитетот и сезоната ќе биде подолга.

 

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ