МАКЕДОНИЈА ЈА ПОБЕДИ ГРЦИЈА ЗА 1.МЕСТО ВО КВАЛИФИКАЦИИТЕ

Македонија-Грција 27-23.Долгот од Кожани е наплатен,потврдено е 1.место во групата за извонреден финиш на квалификациите.Македонските ракометари по втор пат како победници во групата изборија  место за ЕП-во,сезонава за подобра  позиција пред ждрепката за шампионаот во Австрија,Шведска и Норвешка.

Натпреварот во Струмица тргна во друга насока од очекуваното.Гостинскиот голман Буковинас влезе во серија.Неговите соиграчи имаа постојана предност,на два пати и од три голови се до 20.минута кога бројкте на семафорот во сaлата Парк беа 9-9.Набрзо и прво водтсво и завршница на воведните 30.минути со 13-11 за Македонија.Залетот во играта овозможи во второто полувреме  плус 4.во 40.минута,потоа и 23-17 во 50-та што беше залиха за рутински финиш,атрактивни акции и можност за поголема ротација во составот што го  води Данило Брестовац.

Кире  Лазаров заврши со 6 голови како најефикасен во квалифиакциите од нашиот состав,Пешевски и Талески постигнаа по 5 погодоци.Митревски на голот запре 12 удари на противничките ракометари.Ждрепката за групите од ЕП во 2020 ќе се одржи на 28 јуни во Виена.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ