Македонија ЃП славеше над Академија Пандев, градското дерби за Работнички

Денеска се комплетираше 20. коло во домашниот фудбалски шампионат. Македонија ЃП со голот на Дејан Блажевски во 10. минута од судиското надополнување по прецизно изведен удар од белата точка ја совлада Академија Пандев, која по петти пат во низа не успеа да освои бодови.

Во градското дерби Работнички ја забележа и втората победа во вториот дел од сезоната откако на домашен терен триумфираше над Шкупи со 2:1, а во дуелот на второ и третопласираната екипа на табелата Силекс и Шкендија играа без голови

 

РЕЗУЛТАТИ 20. КОЛО

Македонија ЃП – Академија Пандев 1:0

Дејан Блажевски 90+10 (пен)

Ренова – Струга ТЛ  2:0

Бојан Миовски 26, Флоријан Кадриу 57

Работнички – Шкупи  2:1

Давид Тошевски 52, 77 – Бесар Исени 39

Силекс – Шкендија  0:0

 

ФОТО: Игор Паневски

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ