Македонија – Австрија: Да се биде или не!

Да се биде или не. Само вака може да се опише денешниот натпревар против домаќинот Австрија каде ќе ја бркаме втората победа која ќе не однесе во следниот круг натпревари на Европското првенство.  За неколку часа ракометарите ќе истрчаат на паркетот во „Виенер Штадхале“ и ќе го остават срцето на терен за да ги освојат неопходните два бода

Атмосферата е одлична, тие се подготвени, мотивирани и желни за борба и за победа. Утрово бевме во нивната база и од разговорите може да се заклучи дека поразот од Чешка е далеку зад нив и се е фокусирано на денешниот натпревар. Сметаат дека се фаворити, искуството е на наша страна а единствена предност на Австрија е домашниот терен.

Вчера и денеска се анализираше играта на Австрија. Тие имаат два клучни ракометари, шутерите Билик и Божовиќ, па дилемата е дали ќе се обидеме да ги затвориме нив, или пак ќе ги оставиме да шутираат а ќе ги затвориме останатите играчи. Комбинаторики има многу, но она што е клучно е дека сега мора да победиме за да одиме понатаму а победата да биде со два гола разлика или повеќе од тоа.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ