Мајкл Флин бара повлекување на признанието дека е виновен

Мајкл Флин, поранешниот советник за национална безбедност на претседателот на САД, Доналд Трамп, поднел документи за повлекување на признанието дека е виновен во истрагата за мешањето на Русија на претседателските избори во САД во 2016 година, тврдејќи дека федералните обвинители го прекршиле договорот со него.

Тој потег на Флин доаѓа една недела откако Министерството за правда го промени ставот за неговата казна и препорача да му се изрече казна затвор од шест месеци за лажење на ФБИ за време на истрагата за врската меѓу кампањата на Трамп и Русија.

Обвинителството порано соопшти дека Флин имал право да избегне затвор заради обемна соработка, но го смениле ставот откако ангажирале нови адвокати за да поднесат обвиненија против американската администрација.

Флин се изјасни за виновен во 2017 година дека лажел за разговорите што ги имал со рускиот амбасадор Сергеј Кислијак пред претседателските избори, вклучително и неговото барање Москва да не шири тензии со Вашингтон како одговор на санкциите воведени од администрацијата на Барак Обама.

Тој е еден од неколкуте поранешни соработници на Трамп кои или се изјаснија за виновни или се обвинети во истрагата за Роберт Малер.

 

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ