ЛШ: ВАРДАР СО ПЛУС 8 НА РЕВАНШОТ ВО СЕГЕД (31-23)

Вардар направи огромен исчекор кон трето по ред учество на Ф4 во ЛШ.Најдобриот состав во Европа за 2017 година  покажа и дека  покрај  сите проблеми , се уште  има шампионска днк.Вардар  го надигра Пик Сегед со 31-23.Ракометарите во црвено-црниот дрес и се оддолжија на публика во СЦ Јане Сандански со феноменална игра ,блескаво второ полувреме во кое имаа начин како да ја одржат разликата  што ја пропуштија после првите 30 минути.

14-12 за Вардар на полувремето ,17-11 во  вториот дел и капитални 8 разлика  на крајот од емотивната ракометна вечер во Скопје. Криштопанс и Карачиќ завршија со по осум голови, Скубе имаше шест од шест, а Милосављев запре   10  удари на унгарскиот тим.Реваншот  во Сегед е  закажан за 5 мај.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ