ЛШ: ПРВ ПОРАЗ НА ЖРК,МАШКИОТ ТИМ ЗАГУБИ ОД НАНТ

Ракометарките на Мец ја прекинаа победничката серија на ЖРК Вардар во Лигата на европските првенки.Францускиот тим победи со 24-22 а шансата за потврда на 1.место во групата од главната фаза ,македонските шампионки ќе ја бараат на 2 март против Битигхајм.
Денешниот меч покажа дека Арена Мец и натаму е неосвоива тврдина за Вардарки.Иако добро го отворија гостувањето во Франција,европските вицепрвенки го загубија ритамот после водството од 4-1 и по првите 30 минути резултатот беше 10-10.Во второто полувреме ,скопската екипа имаше 20-18 на десет минути пред крајот, но не успеа да изгради позиција за победнички финиш .Мец ја имаше извонредната Рајчиќ која заврши со 19 одбрани и беше најзаслужна за триумфот на францускиот состав. Најефикасна кај Вардар беше Лекиќ со пет голови, по три постигнаа Пенезиќ, Лазовиќ, Радичевиќ и Лакрабер.
И машкиот тим на Вардар немаше успех на гостувањето во Франција.Вториот пораз во тековната сезона,актуелниот европски првак го претрпе вечерва од Нант со 27-26.Црвено-црните се изборија за неизвесен финиш,откако ја неутрализираа предноста на домашните.18-12 водеше Нант на полувремето.Вардар со серија од 5-1 се врати во игра но предоцна за пресврт и за бод кој гарантира директен пласман во четвртфиналето.Дибиров со 6 и Циндриќ со 5 голови беа најефикаски кај Вардар.На голот,Штербик имаше 11 интервеции.Во последното 14.коло ,Вардар на 4 март има шанса за потврда на 1.позиција и за влез во вториот сегмент од нокаут фазата.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ