ЛШ: Нов пораз на Металург

Металург   нанижа три   порази по ред кои го отпишаа  од борба за 2.место во групата Д од ЛШ.Македонскиот вицепрвак  загуби на гостувањето кај Бешикташ  со 32-29 играјки променливо во двете полувремиња.После   првите 30 минути Металурзите беа на добар пат да  му се реваншираат на Бешикташ за  поразот во Скопје.Екипата од Автокоманда  изгради водство од 4 голови а на пауза замина со ветувачки 15-13.Во вториот дел,повторно пад во играта на Металург.Домашните со серија од 5-0 направија пресврт и со  перформансите на голманот   Хендав, на крајот ја запишаа првата победа пред своите навивачи. Филип Кузмановски со седум гола беше најефикасен кај македонскиот тим пред Илиќ со пет.На табелата Металург падна на претпоследната позиција со 5 бодови,два  повеќе од Чеховски Медведи.Водечкиот Монпеље кој утре го пречекува аутсајдерот од Русија има 14.Мотор Запорожје 9,Бешикташ со меч повеќе 7,Спортиг има 6. До крајот од разигрувањето во групата, Металург  имаме уште само два меча, дома со Мотор Запорожје и на гости со екипата на Спортинг Лисабон.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ