Лоренцо тргна од пол и заврши со втор триумф по ред во сезоната

Шпанецот Хорхе Лоренцо триумфираше на седмата трка во најсилната Мото ГП класа од светскиот шампионат во мотоциклизам што се возеше во Барселона за Големата награда на Каталонија.

На патеката „Каталуња“ возачот на „Дукати“ стартуваше од полпозицијата и до крај не ја испушти втората победа по ред сезонава или вкупно 46 во кариерата откако беше побрз за 4, 479 секунди од сонародникот и актуелниот првак, Марк Маркез на „Хонда“. На третата позиција од победничкиот подиум се искачи Италијанецот Валентино Роси на „Јамаха“.

Во Генералниот пласман, Маркез остана лидер со 115 бода, пред Роси со 88 и Шпанецот Маверик Вињалес на „Јамаха, кој има 77 бодови на третата позиција.

Следната трка е по две недели на први јули во Асен за ГНна Холандија.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ