Локалната храна е најдобра за нашето здравје

Храната која се произведува во местото каде живееме е најдобра за нашето здравје и најбезбедна за конзумирање, порачуваат експертите по безбедност на храна. Укажуваат дека освен што не се загадени, локалните производи се најсоодветни на веќе создадената микрофлора во самиот организам.

Брзиот начин на живот, напуштањето на традиционалните навики и вредности како што е семејниот ручек, конзумирање неавтохтона и генетски модифицирана храна, може да предизвикаатт сериозни нарушувања на цревната флора што е причина за малигни заболувања на  дебелото црево и дигестивниот тракт кои се во пораст, предупредуваат лекарите.

Луѓето треба да се свесни и соодветно да се информираат каква храна конзумираат, да не користат совети од социјалните мрежи и интернет туку да ги читаат декларациите на прехрамбените производи кои ги купуваат. Ова дотолку повеќе што на пазарот постојат голем број производители, а надлежната агенција за контрола на храната не може да земе примероци од секој производ, туку тоа го врши со мостри по случаен избор, што според експертите е само околку два проценти од севкупната понуда.

 

Горан Момироски

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ