Локалитетот Кале кај Крупиште речиси четири децении ја крие тајната за словенската писменост

Обраснат со трева локалитетот Кале кај Крупиште речиси четири децении ја крие тајната за словенската писменост. Откако академик Блага Алексова пред 36 години го открива локалитетот и посочува дека овде бил градот Равен, каде што епископ бил Методиј, а неговиот брат Кирил ја напишал глаголицата посериозни археолошки истражувања на овој терен нема. Првите археолошки откритија за Брегалниката мисија на браќата Кирил и Методиј се откриени токму на овој локалитет.

Но, дел од научната фела посочува уште две локации, каде што се напишани азбуки, веди, првите словенски букви. Единствени се во ставот дека градот Равен е по течението на реката Брегалница.

Брегалничкиот регион ја има приказната за Равен и глаголицата, но засега мал дел знаат каде е локалитетот Кале кај Крупиште, според месното население понекогаш го посетуваат туристи и тоа пред се од Русија. Научниците сметаат дека на овој терен треба да има сериозни истражувања, за да се утврди вистината за Равен.

Викторија Димитрова Јованова

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ